ЕПИРСКА ДРЖАВА

ЕПИРСКА ДРЖАВА (1204–1340) – формирана од Михаил Ⅰ Ангел (1205–1215) по паѓањето на Цариград, на територијата од Драч до Коринт, со центар во Арта. Најголемата моќ ја достигнала во времето на Теодор И (1215–1230), кој го зазел Солун (1224) и ја издигнал во царство (1226/1227). Деспотот Михаил Ⅱ (1237–1271) го одделил Епир со Тесалија (1237), а по 1264 г., кога Епир го признал византискиот сизеренитет, отпаднале областите западно од р. Вардар, Албанија и Крф. Од времето на Никифор И (1271–1296) се одделиле Тесалија (1271) и Етолија (1295). По смртта на деспотот Тома (1296–1318) згаснала династијата на Ангелите, а завладеал кефалонскиот гроф Никола Орсини (1318–1323), додека Јанина и позначајните градови потпаднале под Византија. По убиството на деспотот Јован Орсини (1323– 1335) од страна на неговата сопруга Ана, таа со синот Никифор Ⅱ им го предале Епир со Акарнанија на Византијците (1337), па набргу бил скршен и последниот отпор (1340). ЛИТ.: Д. М. Ницол, Тхе Деспотате оф Епирос, Оџфорд, 1957; К. Аџиевски, Потчинување на Македонија од страна на Теодор Ⅰ Ангел и формирање на Солунското царство, „Историја”, ⅩⅤⅠⅠⅠ/1-2, Скопје, 1982. Б. Петр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *