ЕОРДАЈА

ЕОРДАЈА – античка област во Долна Македонија околу езерото Бегорис, северно од Елимеја, помеѓу областите Пиерија и Орестида, а јужно од Линкестида. Заедно со другите македонски области, многу рано ( Ⅵ век пр.н.е.) влегла во античката македонска држава. Поважни градови се: Арниса и Кела. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук.

Напишете коментар