ЕНЃУЛУ, Суат

ЕНЃУЛУ, Суат (Суат Енгüллü) (Скопје, 25. Ⅶ 1950) – поет, раскажувач, антологичар, преведувач од турската националност во РМ. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како новинар во Радио Скопје, новинар во редакцијата „Бирлик”, уредник на списанието „Сеслер”. Преведува литературни творби на турски јазик од македонските автори. Сега живее и работи во Република Турција. Член е на ДПМ од 1975 г. БИБ.: Збороаголник, 1972; Во спомен на едно дете од Кумровец, 1981; Од љубовта уморен, 1983; За една Севим и за една револуција, 1980. ЛИТ.: Македонски писатели, Ск., 2004, 90. А. Аго ЕНИЧЕРЕВ, Никола Ганчев