ЕНЃУЛУ, Авни

ЕНЃУЛУ, Авни (Авни Енгüллü) (Скопје, 7. Ⅲ 1947) – поет, раскажувач, преведувач од турската националност во РМ. Краток период бил учител. Од 1968 г. работи како уредник на емисиите на турски јазик при Македонското радио. Еден мандат беше претседател на Турската демократска партија на Македонија. Преведувал на турски јазик песни, раскази, драмски творби, радиодрамски игри од македонски автори. Член е на ДПМ од 1976 г. БИБ.: поезија: Првенец, 1972; Мете, 1983; Четирите годишни времиња, 1984; Човек ли си ти, што ли си, 1985; Недоречени мисли, 1993. ЛИТ.: Фахри Каѕа, Ѕугославѕа’да Çа¤даш Тüрк шиир Антолојиси саѕ. 158, Цем Ѕаѕýневи, šстанбул, 1992. А. Аго Суат Енѓулу

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *