ЕНОТИЈА

ЕНОТИЈА – средновековно утврдување (фрурион) во северниот дел на Мегленската Котлина, североисточно од Меглен, на јужните падини на пл. Кожуф. Византискиот император Василиј Ⅱ го освоил во 1015, а Јован Кантакузин во 1350 г. Утврдувањето се лоцира на ридот Трапези, северно од селото Нотија, на околу 17 км североисточно од Соботско (Аридеа). Остатоци од утврдувањето се зачувани до денес. Ханс Енцесбергер ЕНЦЕСБЕРГЕР, Ханс Магнус

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *