ЕНДЕМИТИ И РЕЛИКТИ ВО ИХТИОФАУНАТА НА МАКЕДОНИЈА

ЕНДЕМИТИ И РЕЛИКТИ ВО ИХТИОФАУНАТА НА МАКЕДОНИЈА. Се картеризира со големо богатство и разнообразност на ендемити и реликти што се среќаваат во трите македонски езера и во речните системи на Македонија. Регистрирани се 58 автохтони видови риби, од кои 20 се ендемити и реликти. Во Охридското Езеро и во реките Дрим и Радика ги среќаваме познатите Охридски пастрмки ендемити: охридската пастрмка (Салмо трутта летница Карам.), радичката пастрмка (Салмо трутта фариоидес Карам.), охридската белвица (Ацантхолингуа охридана Стеиндацхнер 1892), речната пастрмка (Салмо луми Полјаков и др.), охридскиот грунец (Рутилус рубилио охриданус Карам.), охридскиот моранец (Пацхѕцѕлон пицтум Хекел и Кнер.) и други видови од фамилијата Цѕпринидае. Во Преспанското Езеро има помал број видови риби отколку во Охридското Езеро. Причина за редуцираниот број видови е раното раздвојување на двете езера. Познати ендемити се: брајчинската пастрмка (Салмо трутта перистерицус Карам.), потоа преспанската мрена (Барбус преспенсис Карам.), малото грунче (Парапхоцџинус епиротицус преспензис Карам.) и уште неколку други видови. Во Дојранското Езеро и во реката Вардар ихтиофауната потекнува од дунавскиот слив, кога Вардар комуницирал со Јужна Морава. Во Дојранското Езеро ги среќаваме ендемитите и реликтите: мергурот (Рутилус мацедоницус Стеинд.), перкијата (Перца флувиатилис мацедоница Карам.), писата (Сцардиниус еритхропхталму дојраненсис Карам.) и други видови. Во реката Вардар среќаваме повеќе видови ендемити и реликти како: пастрмката (Салмо трутта мацедоницус Карам.), вретенарот (Зингел балцаницус Карам.), попадиката (Вимба вимба меланопс Хецк.), мрената (Барбус мацедоникус Карам.) и други видови. Во реката Струмица, притока на реката Струма, исто така, среќаваме неколку ендемити од фамилијата Цѕпринидае. Р. Гр. Ендемични таксони од микрофлората на Македонија