ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ

ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија– растителни видови што се ограничени само на територијата на РМ. Причините за ендемизмот можат да бидат многу различни, но се смета дека географската, генетичката и еколошката изолација на популациите, како и времетраењето на таа изолација е од пресудно значење за нивното формирање. Денес, на територијата на Република Македонијаегзистираат околу 120 ендемични видови виши растенија, од кои најголемиот број претставуваат високопланински ендемити, ендемити во речните клисури и ендемити од брдскиот појас. Високопланински ендемити – присутни се речиси на секоја наша планина, но посебно богати со ендемити се планините: Галичица (Астрагалус маѕери, Буплеурум маѕери, Центауреа галицицае, Центауреа соскае, Центауреа томоросии, Цроцус цвијици, Диантхус галицицае, Диантхус оцхриданус, Едрѕантхус хорватии, Фестуца галицицае, Хелицхрѕсум зивојини, Ласерпитиум оцхриданум, Мицромериа косанини, Непета ернести– маѕери, Семпервивум галицицум), шар Планина (Цроцус сцардицус, Диантхус сцардицус, Вербасцум сцардицолум, Потентилла доерфлери, Виола сцхариенсис), Јакупица (Цолцхицум мацедоницум, Диантхус јакупиценсис, Педицуларис фердинандии, Саџифрага карадзиценсис, Семпервивум мацедоницум, Тхѕмус карадзиценсис, Виола борнмуеллери), Пелистер (Цроцус пелистерицус, Диантхус мѕртинервиус, Алцхемилла перистерица), Ниџе (Диантхус кајмактзаланицус, Пеуцеданум лаврентиадис, Силене хорватии, Ранунцулус цацуминис, Виола доерфлери) и др. Најголемиот број од високопланинските ендемити спаѓаат во групата на скардо-пиндски ендемити (чиј развоен центар се наоѓа на планинските масиви од северозападниот, западниот, централниот, јужниот и југозападниот дел на Република Македонијаи Северозападна и Северна Грција). Ендемити во клисурите. Клисурите Ендемити во флората на Македонија на повеќето наши реки, поради посебните еколошки услови, претставуваат значајни рефугиуми (засолништа), каде што се засолниле многубројните ендемореликти (еволутивно стари растителни видови со локално, ограничено распространување само на територијата на РМ) и истовремено се образувале голем број ендемични видови. Посебно значајни во тој поглед се клисурите на реката Треска (Диантхус капинаенсис Тхѕмус скопјенсис, Тхѕмус оехмианус, Виола херзоги), Вардар-таорска Клисура (Анцхуса мацедоница, Хесперис мацедоница, Семпервивум киндигерим, Трагопогон киндигери), Црна Река (Силене паеониенсис, Вербасцум мацедоницум, Вербасцум херзоги) и др. Низински ендеми се развиваат во појасот на брдски пасишта на различна геолошка подлога. Најголем број низински ендеми се среќаваат во пошироката околина на Прилеп и во Мариово (Аллиум борнмуллери, Армериа вандаси, Асплениум мацедоницум, Астрагалус мариовоенсис, Центауреа козјакенсис, Центауреа мармореа, Диантхус прилепенсис, Моехрингиа минутифлора, Сесели вандаси, Силене висцариопсис, Стацхѕс ива, Вербасцум аденантум и др.) и на локалитетот Алшар (Центауреа леуцомала, Центауреа кавадаренсис, Онобрѕцхис дегени, Кнаутиа царолирецхингери, Тхѕмус алсаренсис, Виола аллцхаренсис, Виола арсеница) и др. Поголемиот број од наведените ендемити претставуваат истовремено локални македонски ендемити што се развиваат на сосема мал и ограничен простор од територијата на РМ. Вл. М.