ЕМУЦ

ЕМУЦ – Електромашински училиштен центар во Скопје. Училиштето е основано од Народниот одбор на град Скопје во 1953 г. како Индустриско училиште со практична обука „Лазар Колишевски”. Со решение на Народниот одбор на Општината Саат Кула во 1960 г. се формира Електромашински школски центар, а во 1961 Електромашински и сообраќаен училиштен центар. Во 1964 г. се издвојува Сообраќајниот центар и училиштето останува како Електромашински училиштен центар (ЕМУЦ), а во 1974 г. го добива името ЕМУЦ „Никола Тесла”. Во 1985 г. се издвојува Електроотсекот и училиштето останува само како Машински училиштен центар, од машинска и машинско-енергетска струка. Во 2000 г. од трите училишта: ГМЦ „Чеде Филиповски”, МУ „Гоце Делчев” и ЕМУЦ „Никола Тесла” е формирано училишето ДМС „8 Септември”, кое едуцира кадри од: 3-ти (мајсторски); 4-ти (техничарски) и 5-ти степен (специјалистички) занимања од машинската, машинскоенергетската и градежномашинската струка. Сл. А.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *