ЕЛИМЕЈА

ЕЛИМЕЈА – античка област во Горна Македонија, околу средниот тек на р. Халијакмон. На север се граничи со Орестида, Еордаја и Ботиаја, а на исток со Пиерија. Во времето на Филип Ⅱ влегува во состав на македонската држава. Во областа се наоѓаат (според Стефан Византиски) градовите: Аијана, Каисареја (која подоцна ќе ја обнови Јустинијан И) и Елимеја. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *