ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ – јавна установа што врши високообразовна, научноистражувачка и апликативна дејност од областа на: електроенергетиката, електричните машини, електрониката, телекомуникациите, автоматиката, компјутерската техника, информатиката, математиката и физиката. Основан е во 1959 г. како Електротехнички оддел при тогашниот Технички факултет во Скопје. Во 1965 г. се осамостојува Електромашинскиот факултет со два отсека Електротехнички и Машински. Во 1973 г. станува Електротехнички и машински факултет, а од 1977 г. работи самостојно како Електротехнички факултет. Во 2006 г. го менува својот назив во Факултет за електротехника и Електротехнички факултет, Скопје информациони технологии. На Факултетот постојат четири насоки: индустриска електроенергетика и автоматизација, електроенергетика, автоматика и информатика и електроника и телекомуникации. Наставата на додипломските студии се изведува во 8 модули. Факултетот е организиран во 11 институти кои се одговорни за наставата на додипломските и постдипломските студии. На Факултетот научно се усовршуваат многубројни кадри од РМ, преку изработка на докторски дисертации. Факултетот е препознатлив во стопанството преку многубројните апликативни работи. М. Чунд.