ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ НА РМ

ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ НА РМ – технолошка целина од електроцентрали, ЕЕ водови, ТС и уреди за конверзија на електрична енергија во други видови. Според расположливите податоци, првата централа (со номинална моќност 44 кЊ) започнала со работа во 1909 г. во Скопје. Вториот град со изградена електроцентрала бил Битола (1924). До 1940 г. електрична енергија била воведена во Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Демир Капија, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Охрид, Прилеп, ПробиШтип, Струмица, Тетово, Штип и во рудникот Радуша. Снабдувањето било, главно, од локални електроцентрали. Во тој период бил изграден водот од 35 кВ од ХЦ „Пена” до Скопје, долг 45 км, со кој започнала изградбата на преносната мрежа. Другите градови добиле електрична енергија по 1945 г. Во 1945 г. вкупната потрошувачка на електрична енергија изнесувала 14 ГЊх. Потоа следуваат години со значителен пораст на потрошувачката и со интензивна изградба на електроцентрали. Така се дошло до состојбата како во 2003 г. кога се регистрирани: бруто-конзум 7215,5 ГЊх, најголема дневна потрошувачка 28,953 ГЊх (на 28. Ⅻ 2003), најмала дневна потрошувачка 14,150 ГЊх (на 2. Ⅴ 2003), најголемо дневно оптоварување 1417 МЊ (на 28. Ⅻ 2003 во 19 ч.), најмало дневно оптоварување 431 МЊ (на 2. Ⅴ 2003 во 4 ч.). Во истата година вкупната инсталираната моќност во ТЦ изнесувала 1005 МЊ и тие произвеле 4902,5 ГЊх, а вкупната инсталирана моќност во ХЦ изнесувала 433,8 МЊ и тие произвеле 1370,1 ГЊх. Внесени биле 953,0 ГЊх. Вкупните загуби на електрична енергија изнесувале 1306,6 ГЊх. ЛИТ: 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995; ЈП „Електростопанство на Македонија”, Скопје, 1999; Електростопанство на Македонија, го-дишен извештај, 2003. Др. Р. Производи од Фабриката за кабли, Неготино

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *