ЕКОЦИД

ЕКОЦИД – специфичен термин (со потекло од ’геноцид’) најчесто употребуван за опишување на леталните антропогени влијанија врз природните екосистеми, пред сè, преку нивно неодржливо користење за потребите на друг процес или систем. Примери: дренирањето на нашите природни блатски екосистеми, како: Стенското, Арачиновското, Катлановското Блато, поради епидемиите на маларија и сушењето на Дојранското Езеро. Св. К. „ЕКСПРЕС” – независен дневен информативно-политички весник. Првиот број излегол на 1 септември 1999 г. во Скопје. Ос-новач, директор и главен уредник е Стојан Насев, одговорен уредник Петар Лазаревски. Издавач „Магрос” д.о.о. Скопје, печатница „Неорисио” крај Солун. По 97 издадени броеви, весникот згасна на 28 декември 1999 г. Б. П. Ѓ.