ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ВО ПРИЛЕП

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ ВО ПРИЛЕП. Започна со работа од 1960 г., кога во Прилеп беше основана Вишата економско-книговодствена школа, која по неколку години прерасна во Висока економска школа (1966), со специјализирана настава и насоченост кон аналитичко-финансиското и комерцијалното работење, а од неа произлезе Економскиот факултет (1973). Прв декан на овој факултет беше професорот Љупчо Аџи Митрески. Во изминатиот период и особено последниве десетина години, овој факултет постигна евидентни резултати во модернизирањето и подигањето на квалитетот на наставнообразовниот процес и на научноистражувачката работа. Денес, на овој факултет има пет современи студиски програми на додипломски студии за: бизнис-економија; сметководство, финансии и ревизија; меѓународна економија и бизнис; маркетинг-менаџмент и деловна статистика и информатика. На постдипломските студии функционираат студиски програми за: меѓународна економија и бизнис; бизнис-администрација; МБА меЕкономскиот факултет, Скопје наџмент, деловни финансии и деловно и развојно планирање и управување со економските процеси. Досега овде дипломирале 3.945, магистрирале 44 и докторирале 37 лица, со што институцијата дава значаен придонес во системот на националното високо образование по бизнис и економија во Република Македонија. Факултетот, последниве неколку години, своите напори ги фокусира врз имплементирањето на европските стандарди на студирање и обврските што произлегуваат од Болоњската декларација. ИЗВ.: Интерни материјали на Економскиот факултет од Прилеп. Т. Ф.