ЕКОНОМСКИ РАСТ И РАЗВОЈ

ЕКОНОМСКИ РАСТ И РАЗВОЈ – фундаментално поврзан развој со засилувањето на факторите на продуктивниот капацитет на националната економија – земјата, трудот, капиталот и технологијата низ времето. Во поширока смисла, економскиот развој претставува постојан пораст на стандардот на живеење, што подразбира пораст на пер цапита доходот, подобро образование и здравје и заштита на човековата околина. Динамиката на економскиот развој често е под влијание на јавните политики, институциите, инвестирањето во инфраструктурата, даночните и регулаторните политики, развојот на образованието и другите компоненти на економското опкружување кое, во поново време, се епитомизира во терминот „бизнис-клима”, кој содржи трошочни и нетрошочни фактори. Теоријата на развојот настојува да одговори како и зошто економиите различно растат во времето. Класичната теорија на развојот (Смитх, Марџ, Схумпетер, Лењис) има мултидимензионално, историско гледање на развојните ресурси, техничкото знаење, социјалните, институционалните и политичките структури. Централната струја на повоената теорија (Солоњ, Меаде), а особено од осумдесеттите години на минатиот век (Ромер, Луцас, Баро), се стреми да биде монокаузална и сугерира синтеза во унидимензионални решенија. Во наједноставните модели, стапката на раст како варијабла е дериват на времето. Поимот економски раст го подразбира зголемувањето на материјалното богатство. Вообичаено, тој се мери со годишната стапка на раст на реалниот (без инфлација) бруто општествен производ (БОП). Теоријата на економскиот раст повеќе се однесува на потенцијалниот производ, односно на производот при „полна вработеност”, отколку на растот на агрегатната побарувачка или на агрегатниот производ. Одделни автори (Киндлебергер) економскиот развој го дефинираат како раст плус структурни промени. Македонија пред Втората светска војна беше типично неразвиена аграрна земја во која три четвртини од вкупното население живееја од земјоделство. Во повоените години, во рамките на СФРЈ, СР Македонија регистрираше динамичен економски ските фактори предизвикаа натамошно опаѓање на растот. Падот беше драстичен во првата половина на деведесеттите години; 1990 (–9,9%), 1991 (–7%), 1992 (–8%) и 1993 (–9,1%) и нешто поблаг 1994 (–1,8%) и 1995 (–1,2%). Стапки порастот на реалниот БДП 1996 1,2 ИЗВ.: Републички завод за статистика, Развојот на СР Македонија 1945–1984; ЕБРД, Трансистион Репорт, 2005. ЛИТ.: Гоце Петрески, Економски раст и развој, Скопје, 2002. Г. Пет.