ЕКОЛОГИЈА НА ШУМИТЕ

ЕКОЛОГИЈА НА ШУМИТЕ – гранка на општата екологија, наука за односите на шумските дрвја и нивните заедници врз околината, за влијанието на околината врз нив и за нивните промени под влијание на внатрешните и надворешните фактори. Овој збир појави се разгледува од биолошки и од стопански аспект. На тој начин, оваа наука овозможува подобро и полесно решавање на шумско-стопанските проблеми. Затоа екологијата на шумите, покрај биологијата на дрвјата, претставува основа на многу други шумарски науки (одгледување на шумите, пошумување, мелиорација на деградирани шуми и др.). Делот од екологијата на шуДолината на реката Треска мите што го проучува односот на единката кон факторите на надворешната средина се вика автоекологија, а на насадите синекологија. Ал. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *