ЕКА

ЕКА (национална и социјална заштита) – грчка организација во Егејскиот дел на Македонија во Втората светска војна. Била формирана во октомври 1943 г. во Кожанско од мајорот на грчката војска Папавасилиу и дејствувала во селата на подножјето на планината Каракамен. Се борела против грчкото македонско ослободително и антифашистичко движење. ЛИТ.: Т. Мамуровски, Бугарската пропаганда во Југозападна и Централна Егејска Македонија (1941–1944), Скопје, 1989. Ст. Кис.