ЕЗЕРСКИ ЕКОСИСТЕМ

ЕЗЕРСКИ ЕКОСИСТЕМ. Сите природни езера во Македонија образуваат езерски екосистеми, кои им овозможуваат развој и саморегулација на живите организми, условени со заемните односи на автотрофните планктонски, субмерзни и хетеротрофните организми (риби, инвертебрати и микроорганизми), низ кои протекуваат потоци на енергија и материи. Во Македонија се среќаваат сите три вида езерски екосистеми: олиготрофни (сиромашни води со хранливи материи), какво што е Охриското Езеро, мезотрофни (средно богати со хранливи материи), какво што е Преспанското Езеро и еутрофни (богати со хранливи материи), какво што е Дојранското Езеро. Антропогените влијанија врз езерските екосистеми придонесуваат да се наголемуваат количините на хранливите материи во водите, зголемувајќи ја нивната продукција. Љ. Гр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *