ЕДУКАЦИЈА ВО ШУМАРСТВОТО

ЕДУКАЦИЈА ВО ШУМАРСТВОТО – се изведува во рамките на средното и високото образование. школувањето на кадрите со средно образование се изведува во училиштата во Кавадарци, Скопје и во Прилеп, каде што се формираат следните профили: шумарски техничари од општа насока, за пејзажна архитектура, за примарна преработка и за финална обработка на дрвото. Високото образование се изведува на шумарскиот факултет во Скопје, каде што се едуцираа кадри од областа на шумарството (1947– 1970/71), а потоа се воведе нова насока за образование на кадрите од областа на дрвната индустрија. Од насоката шумарство (1983– 1985) се формираа две насоки: насока за одгледување и мелиорација на шумите и насока за искористување и транспорт. Нова организација на наставната дејност беше направена во 1998 г., кога беа формирани два оддела: шумарство (со насоки за шумарство и за озеленување и унапредување на животната средина) и дрвна индустрија (со насоки за механичка технологија на дрвото и за дизајн и технологија на мебел и ентериер). Од 1970 г. е организирана настава од трет степен на 19 студиуми (области) за магистратура и 5 за специјализација. Стекнувањето на научниот степен докторат на науки беше организирано уште од првите години по формирањето на Факултетот. Од неговото формирање (2005), дипломирале вкупно 2.688 студенти, од кои 1.477 на Одделот шумарство и 955 на Одделот дрвна индустрија. Ал. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *