ЕДОНИЈА

ЕДОНИЈА – античка област меѓу устието на р. Стримон и р. Неста, населена од Едонци и од Пиеријци, кои, во времето кога се шири македонската држава, се преселуваат од Пиерија (Термајски Залив) во подножјето на пл. Пангај. Оваа област е богата со рудно богатство, дрвена граѓа, стока, жито и риба. Пред освојувањето на Филип Ⅱ (357 г.), во голем број градови живееле хеленски колонисти. Градовите Амфипол и Филипи (основан од Филип) претставуваат големи економски и културни центри во антиката. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *