ЕДНАКВОКРИЛЦИ

ЕДНАКВОКРИЛЦИ (Хомоптера) – инсекти со два пара еднакво градени мембранозни крила, по што го добиле името. Усниот апарат на еднаквокрилците има рилка што ја забодуваат во растенијата и со чијашто помош цицаат рас-Еднаквокрилец тителни сокови. Карактеристично е што во нивното тело, во посебни органи, живеат ситни габички кои имаат важна улога во нивниот метаболизам. Кај повеќето видови нозете се приспособени за одење, а кај некои задните нозе и за скокање. Во редот еднаквокрилци застапени се над 30.000 видови, подредени во две групи, црцорци – жеже-пече (Цицадоидеа) и растителни вошки (Апхидина). Во Македонија има 332 таксона еднаквокрилци, од кои 2 се ендемични (Едњардсиана мирјанае Јанковиц и Цицадетта мацедоница Сцхедл). ЛИТ.: Лјубомир Јанковиц, Хомоптера: Ауцхеноррхѕнха фром Мацедониа, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1971, 12(3): 42-50; Лјубомир Јанковиќ, Опис једне нове врсте из фамилије Цицаделлидае (Хомоптера: Ауцхеноррхѕнха) из Македоније (Југославија), „Глас“, ЦЦЦВИ, Српска академија наука и уметности, Одељење природноматематичких наука, Београд, 1978, 43: 27-30; Матија Гогала, Томи Трилар анд Владимир Т. Крпац, Фауна сингинг Цицадас (Ауцхеноррхѕнха: Цицадоидеа) оф Мацедониа – А биоацоустиц сурвеѕ, Ацта Ентомологица Словеница, Лјублјана, 2005, 13/2: 103-126. В. Т. К. – М. Кр.