ЕДИПОВСКИ, Дургут

ЕДИПОВСКИ, Дургут (Кратово, 17. Ⅹ 1937 – Скопје, 21. Ⅳ 1991) – општественик. Бил член на СКМ (1959). Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје (1961) и работел како референт и советник за градежно занаетчиство во регионалната Стопанска комора на град Скопје (1961-1965). Подоцна бил помошник секретар и заменик секретар на Стопанската комора на Македонија, секретар на секретаријатот за индустрија и рударство при Стопанската комора на Македонија, член на Економскиот совет на Собранието на СРМ, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ и републички секретар за општостопански работи и пазар во два мандата (28. Ⅳ 1976 – 24. Ⅳ 1986). Исто така, бил пратеник во Веќето на народите на Собранието на СФРЈ, делегат и потпретседател на Собранието на СРМ (1986-1991) и претседател на Управниот одбор на Републичкиот фонд за кредитирање на побрзиот развиток на недоволно развиените краишта. ЛИТ.: Погребан Дургут Едиповски. Вчера во Скопје. Комеморативна седница во Собранието на СРМ, „Нова Македонија”, ЏЛВИИ, 15893, Скопје, 23. Ⅳ 1991, 3; Македонски влади, 60 години, Скопје, 2005, 65 и 68. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *