ЕДИНСТВЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ

ЕДИНСТВЕН НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ФРОНТ (Скопје, 26–27. XI 1944) – организација на левите антифашистички сили. Формирањето и развојот на ЕНОФ во Македонија е од пред Втората светска војна и ги собирал антифашистичките сили како противтежа на растечкиот фашизам. Зајакнал по окупацијата на земјата во 1941 г. и во текот на Народноослободителната и антифашистичка борба во Македонија (1941– 1945). Во тој период се викал Народноослободителен фронт (НОФ). Институционално организирање на ЕНОФ во Македонија било извршено на Конгресот на ЕНОФ одржан на 26–27 ноември 1944 г. во Скопје, кога било решено да се организира мрежа на одбори на ЕНОФ потребни за масовна работа. ЛИТ.: Д-р Лазар Лазаров, Општественополитичките организации во обновата и изградбата на НР Македонија 1944-1948, Скопје, 1979; Д-р Новица Велјановски (со коавтори), Запознајте ја Македонија, Скопје, 2001. Н. В. Зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *