ЕВСТАТИЈ СОЛУНСКИ

ЕВСТАТИЈ СОЛУНСКИ (? – 1195/97) – солунски митрополит, византиски црковен и книжевен деец. Митрополит солунски станал во 1175 г. и таму го унапредувал монаштвото. Како книжевен деец ги анимирал античките и ранохристијанските погледи и учења. Ги коментирал „Илијадата” и „Одисејата” од Хомер, комедиите на Аристофан, делата на Пиндар, Духовниот канон на Јоан Дамаскин и др. Автор е на коњектурата „Суда”, на повеќе говори (Епитафот за императорот Манојло и Комнен), на писма упатени до императорот и до црковни достоинственици, како и на делото „Историја на освојувањето на Солун” (при освојувањето од Норманите во 1185 г.). ЛИТ.: И. Велев, Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005, 182–183. И. Вел. Александар Ефтимов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *