ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС – било одржано во Скопје (2006), за сениори – мажи и жени, во дисциплините лактконтакт, лоу-кик и таи-кик бокс, на кое учествувале вкупно 527 боксери, а од Македонија 36. Според освоените медали: И Русија, Ⅱ Србија и Ⅲ Унгарија, а Македонија го зазела Ⅻ место со 6 медали: во лоу-кик боксот Расим Али-ти освоил сребрен, Александар Стојковски и Иле Ристевски бронзени медали, а во дисциплината таи-кик боксот Атанас Стојковски и Даниела Лазаревска сребрени, а Леила Османи бронзен медал. Д. С.