ЕВРЕЈСКО ЖЕНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СКОПЈЕ

ЕВРЕЈСКО ЖЕНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ВО СКОПЈЕ (1923–1932) – културно здружение. Неговата дејност била да организира културни и едукативни активности, да дава поддршка на младинските организации, независно од нивните идејни определби и стремежи. Кога во Скопје била основана филијалата на ЊИЗО (1932) сите членки поминале во ова здружение. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *