ЕВАНС, Артур Џон

ЕВАНС, Артур Џон (Еванс, Артхур Јохн) (Неш Милс, Велика Британија, 8. Ⅶ 1851 – Јоулбери, Велика Британија, 11. Ⅶ 1941) – археолог, втмелувач на истражувањата и проучувањата на критската цивилизација. Дипломирал историја на Универзитетот во Оксфорд (1874). Во 1877 г. бил назначен за специјален известувач од Балканот. Од април до септември 1883 г. патувал низ тогашните простори на Македонија, на Грција и на Бугарија и убицирал повеќе археолошки локалитети, како: Скупи (Сцупи) кај с. Злокуќани и Тауресиум кај с.Таор (сугерирајќи дека тоа е родното место на Јустинијан И). Во 1884 г. бил назначен за кустос во музејот Ашмолеан во Оксфорд. Во 1894 г. стигнал на Крит и во периодот 1900-1907 ја открил и ја истражувал палатата на Минос во Кносос. Истражувањата на пошироката територија на овој локалитет, со извесни прекини, траеле до 1931 г. За заслуги во археологијата во 1911 г. ја добил титулата Сер. БИБ.: Антиљуариан Ресеарцхес ин Иллѕрицум, Парт Ⅳ: Сцупи, Сцопиа анд тхе Биртхплаце оф Јустиниан, „Арцхаеологиа”, 49, 1, Лондон, 1885, 79-167; Сцрипта Миноа, И, Оџфорд, 1901; Тхе Палаце оф Минос, Вол. 1-4, Оџфорд, 1921-1935. А. В.-М. Евла (Алнус Гаернт.)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *