/ЕВАНГЕЛИЕ АПРАКОС

ЕВАНГЕЛИЕ АПРАКОС

ЕВАНГЕЛИЕ АПРАКОС -. македонски ракопис од поч. на ⅩⅠⅠⅠ век. Се чува во библиотеката на РАН во Санкт Петербург, сигн. 24. 4. 25, а спаѓа во збирката на Срезневски. Зачувани се 199 цели пергаментни листови и 19 фрагменти, залепени на хартија. Кодексот е палимпсест, пишуван е врз грчки текст од кој е зачувана и една заставка. Илуминацијата е архаична. В. Д. ЕВАНГЕЛИСТИЧКА ЦРКВА во Република Македонија – верска заедница вклучена во евангелизмот, признава два сакрамента: крштавање (кое претпоставува верување и свесност за чинот на крштавањето) и причест (која се практикува секоја прва недела во месецот). Во Република Македонија е основана во 1988/89, а е регистрирана во 1998 г. и претставува духовен и правен наследник на Христовата пентекостна црква во СФРЈ на територијата на Република Македонија. Црквата функционира како Сојуз на заедници, Е организирани на територијална основа, со околу 1.000 верници, организирани во 25 локални заедници, повеќето во источниот дел. Локалните заедници уживаат автономија во внатрешната организација, а соработуваат единствено Страници од Кодексот на струмичката Евангелистичко -методистичка црква (1882) во доменот на доктринарните прашања. ЛИТ.: Марија Ташева, Малите верски заедници: кон теоријата, легислативата, самовидувањето, Филозофски факултет, Скопје, 2004; Адресар на верските заедници во Република Македонија, МЦМС, Скопје, 2006. М. Таш. Артур Џон Еванс

2019-01-05T20:20:22+01:00 0 коментари