ДУШАН Стефан Урош

ДУШАН Стефан Урош (.- Ⅳ (1308 – 20. Ⅻ 1355) – српски крал (1331–1345) и цар (1345–1355), син на кралот Стефан Дечански, најпознат српски средновековен владетел. Се истакнал во битката против Бугарите кај Велбужд (1330). Со феудалците го презел престолот од татка си. Водел успешни војни со соседните држави. Освоил голем дел од византиските територии на Балканот (Тесалија, Епир, Албанија, поголемиот дел од Македонија) и ги проширил границите на српската држава на југ до Коринтскиот Залив. Носел титула „цар на Србите и на Грците”. За уредувањето на државата во 1349 г., бил донесен Душановиот законик. Издавал повелби и ковел монети. ЛИТ.: Б. Бабиќ, Кој е бил и кога ктитор на живописот на егзонартексот во црквата „Св. Успение Богородичино” во манастирот „Трескавец”, „Стремеж”, 4, Прилеп, 1961, 48–51; В. Ј. –урић, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974; Ц. Грозданов, Христос цар и Богородица царица, небесните сили и светите воини во живописот од ⅩⅣ–ⅩⅤ в. во Трескавец, Студии за охридскиот живопис, Скопје, 1990; Г. Острогорски, Душан и његова властела у борби са Византијом, Сабрана дела, ИВ, 190–196; Б. Ферјанчић – С. ´ирловић, Стефан Душан, краљ и цар: 1331–1355, Београд, 2005. К. Аџ.