ДУРАЦОВСКИ, Димитрие

ДУРАЦОВСКИ, Димитрие (Струга, 15. Ⅱ 1952) – раскажувач. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје. Работи како ликовен соработник во Народниот музеј во Струга. Член е на ДПМ од 1989 г. БИБ.: Тајна историја, раскази, Ск., 1986; Црни пророци, роман, Ск., 2002. П. Гил. Никола Дурнев ДУРНЕВ, Никола (Скопје, 17. Ⅻ 1936) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1990 г.) по предметите Искористување на водните сили, Хидротехнички објекти и Водостопански системи. Завршил постдипломски студии на Меѓународниот институт за хидротехника во Делфт, Холандија. Преку „Хидроелектропроект”, каде што работел до 1970 г. и преку факултетот, учествувал во реализацијата на значајни хидротехнички објекти (ХЦ „шпилје” и др.). Љ. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *