ДУНАВСКО ДРУШТВО

ДУНАВСКО ДРУШТВО (Ла Социéтé Данубиенне) (Париз, 1904) – друштво на студентите од подунавските земји: Србија, Бугарија и Романија, но и од Македонија, формирано со цел да дејствува за зближување на балканските држави и за автономија на Македонија, како најправилно и единствено можно решение на македонското прашање. Таа определба на студентите била содржана во програмата за дејноста на Друштвото, кое издавало и свое гласило „Л’ Унион Данубиенне”. Во Друштвото учестувал и Григорие Хаџиташковиќ од Воден, во тоа време на студиско усовршување во Париз. Одржал и предавање за македонското прашање, кое било објавено во органот на Друштвото (15. Ⅵ 1904). ЛИТ.: М. Миноски, Федеративната идеја во макеоднската политичка мисла, Скопје, 1985. М. Мин.