ДУМА, Александар Христов

ДУМА, Александар Христов (Битола, 19. Ⅷ 1879 – Битола, 21. Ⅴ 1958) – интернист. Дипломирал во Вирцбург (Германија) во 1904 г. Кусо време работел во Битола, пред да оди во Виена на специјализација. По враќањето работел во болницата, во својата приватна ординација и како лекар на железничарите. По ослободувањето бил училиштен лекар во Здравствениот дом. П. Б.

mk_MKMacedonian