ДУЛЈАН, Димитар

ДУЛЈАН, Димитар (Ресен, 11. Ⅶ 1907 – Скопје, 1975) – стоматолог. Студиите ги завршил во Кан (Франција) во 1934 г., а потоа работел во Прилеп (1934-1944). За време на бугарската окупација бил интерниран во Бугарија, од каде што избегал и им се приклучил на партизаните. По Ослободувањето работел во Здравствениот дом „Идадија” во Скопје до пензионирањето (1967). П. Б.