ДУЛГЕРЗАДЕ Мехмед ефенди

ДУЛГЕРЗАДЕ Мехмед ефенди ( . (Скопје, ? – Истанбул, 1569) – османлиски поет родум од Скопје. Се школувал во родниот град и во Истанбул. Долги години бил професор во Тир, Бурса, во Софија и во Едрене, а во 1559 г. бил назначен за професор на Сахнмедресата во Истанбул, највисоката образовна институција во Османлиската Империја. Се истакнал како калиграф и поет, пишувајќи поезија на турски и на арапски јазик. ЛИТ.: Евлија Целеби, Путопис. Одломци о југословенским землјама. Превео, увод и коментар Хазим шабановиќ, Сарајево, 1967, 286, заб. 61; Херберт Дуда, Ускуб им 17 Јахрхундерт, Балканисцхе Студиен, Њиен, 1949, 29, заб. 63. Др. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *