ДУКОВСКИ, Дејан

ДУКОВСКИ, Дејан (Скопје, 25. Ⅳ 1969) – драмски автор. Дипломирал на ФДУ во Скопје, на Отсекот за драматургија (1990). Бил вработен во РТВ Скопје (1990– 1993). Истата година е избран за асистент на ФДУ по предметот филмско и ТВ сценарио, а од 1996 г. е доцент на Катедрата за драматургија. Драмски текстови: „Балканот не е мртов”; „Буре барут”; „Маме му ебам кој прв почна” и др. Автор е на сценаријата на играните филмови: „Светло сиво” и „Буре барут”. Текстот „Буре барут” е поставуван на театарските сцени во: Грција, Србија, Хрватска, Германија, Данска, Холандија, шведска, Јапонија, Бугарија, Турција. Р. Ст.