ДУКА, Ана

ДУКА, Ана (XI–Ⅻ в.) – помлада ќерка на Марија и на Андроник Дука, внука на Трајан, синот на ца-рот Јован Владислав, сестра на царицата Ирина, жената на императорот Алексиј Ⅰ Комнин. Се омажила за византискиот благородник Георги Палеолог, кој, како баџанак на императорот, вршел високи должности во Византија. ЛИТ.: Ана Комнина, Алексиада. Вступителъная статъя, перевод, коментарии Â. Н. ЛÝбарского, Москва, 1965. К. Аџ.