ДУЗМЕ МУСТАФА

ДУЗМЕ МУСТАФА (Лажен Мустафа) (Ⅻ–ⅩⅣ в.) – водач на востание во Румелија во 1416 г. Се претставувал како син на султанот Бајазид (1389–1402). Од Влашко, со војска, се спуштил во Македонија, но бил поразен, по што пребегнал кај Византијците, кои го пренеле на островот Лемнос. По смртта на султанот Мехмед И (1421) се вратил и кренал востание во околината на Солун, Сер и на Ениџе Вардар, но во 1422 г. конечно бил поразен, а во 1423 г. бил заробен и егзекутиран. ЛИТ.: А. Матковски, Отпорот во Македонија во време на турското владеење, ИВ. „Буни и востанија”, Скопје 1983; Ис-тори/ на Османската импери/. Под редакци/ата на Робер Мантран, Софи/, 1999. Др. Ѓ.