ДУДЕВ, Ѓорѓи Јорданов

ДУДЕВ, Ѓорѓи Јорданов (Прилеп, 1905 – Прилеп, 1957) – лекар. Мед. ф. го завршил во Белград (1934). Работел приватно и во Здравниот дом во Прилеп. Бил симпатизер на НОД, а при крајот на војната бил во партизанската болница во Врановци. По војната, 6 месеци бил управник на Воената болница во Скопје, а при крајот на 1945 г. управник на Здравствениот дом во Прилеп. П. Б. Љубен Дудески

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *