ДУГЛАЗИЈА

ДУГЛАЗИЈА – .(Псеудотсуга мензиесии Францо, фам. Пинацеае) – многу високо (до 100 м) и брзорастечко иглолисно дрво од пацифичките подрачја на Северна Америка. Листовите се игловидни, меки, со сочна зелена боја. шишарките се провиснати, кафеави, со покривни лушпи подолги од плодните. Вид со квалитетно дрво и со многу голем растежен потенцијал. Досегашните резултати од нејзината адаптација во нашата земја се многу охрабрувачки. Ал. Анд.