ДУГАНОВА, Васка

ДУГАНОВА, Васка (Гевгелија, 6. Ⅲ 1922 – Скопје 14. Ⅻ 1996) – комунистички деец, првоборец, правник и политичар. Како припадник на комунистичкото движење (1938) и член на КПЈ (од март 1942), во НОАВМ била борец (од април 1943), политички комесар на баталјон и член на ПК на СКОЈ за Македонија (од ав-густ 1944). По Ослободувањето била член на АСНОМ (од април 1945), завршила правен факултет и извршувала разни политички функции: организационен секретар на ПК на СКОЈ за Македонија, член на Претседателството на Централниот совет на ССМ (1958 –1967), претседател на Социјалноздравствениот собор на СРМ, претседател на Конференцијата за општествена активност на жените на Македонија и на Југославија, член на ЦК на СКМ и ЦК на СКЈ, пратеник во Републичкото и Сојузното собрание, претседател на Претседателството на РК на ССРНМ и др. Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Моите кадри, „Просветена жена”, Скопје, април 1986, 18; Една младост во виорот на војната, Скопје, 1988. ЛИТ.: К. Јанишлиев, Барање за забрана на книгата на Васка Дуганова, „Нова Макекдонија”, ЏЛИВ, 14941, Скопје, 27. Ⅷ 1988, 8. С. Мл.