ДУВАЛО

ДУВАЛО (липало) – најмала дрвена цевка преку која се вдишува воздух во мевот на гајдата, без да се враќа и издишува. На делот од дувалото што се наоѓа во внатрешноста на мевот, е прицврстена тенка еластична кожичка, која поради внатрешниот притисок на воздухот го затвора издишувањето. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 99. Ѓ. М. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *