ДРУШТВО НА ПИСАТЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ДРУШТВО НА ПИСАТЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА (Скопје, 13. Ⅱ 1947) – асоцијација на писателите на РМ и македонската дијаспора. Својот зародиш го имало во прераснува во Сојуз на друштвата Василие Поповиќ-Цицо: Друштвото на писателите на Македонија (карикатура) Друштвото на уметниците, научниците и журналистите (Скопје, 5. Ⅴ 1945). Негови први редовни членови биле Васил Иљоски, Славко Јаневски (член на Управниот одбор), Блаже Конески (претседател), Ристо Крле, Венко Марковски, Димитар Митрев (секретар), Иван Точко и Ацо шопов, а кандидати за членови Јован Бошковски, Ѓорѓи Абаџиев, Гого Ивановски, Владо Малески, Ванчо Николески и Коле Чашуле. Од основањето до денес во него членувале околу 350 македонски писатели, со над 30 почесни членови. ЛИТ.: Македонски писатели, Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 2004. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *