ДРИМКОЛСКА КЛИСУРА

ДРИМКОЛСКА КЛИСУРА – импозантна клисура на реката Црни Дрим. Се протега во должина од 28 км, помеѓу утоката на реката Лениште до поранешната утока на Радика. Стрмните долински страни Црни Дрим ги изградила помеѓу западните ограноци на Караорман и на Стогово, а источните на планината Јабланица. Денес Дримколската Клисура е заезерена со изградба на двете познати вештачки акумулации: шпилје и Глобочица. Единствено само под браната Глобочица се формира краток речен тек. Клисурестите страни се дисецирани со долините на повеќе кратки речни текови кои имаат голем наклон и при утоката во езерото формирале наноси. Низ клисурата минува регионалниот пат СтругаДебар. Т. Анд. Благоја Дрнков

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *