ДРЖАВНА КАРТОГРАФСКА ПРОЕКЦИЈА

ДРЖАВНА КАРТОГРАФСКА ПРОЕКЦИЈА – кај нас е застапена Гаус-Кригеровата проекција. Таа е конформна, напречно-цилиндрична проекција со пресликување на делови од Земјината површина на елиптични цилиндри, во зони од по 30 географска должина. Зоните се нумерирани од Гриничкиот меридијан кон исток, а територијата на Македонија се наоѓа во седмата зона. Проекцијата на меридијанот со 210 источна географска должина во рамнина, претставува џ-оска на координатниот систем, во кој ѕ-оската е проекцијата на екваторот. За да се избегнат негативните вредности по ѕ-оската, според препораките на Баумгартнер, сите точки на џ-оската имаат вредност од 500 илјади метри м. Р. Риб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *