ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ (од 2002 г. сукцесивен наследник на Републичката геодетска управа) – државна институција што врши управни и стручни работи од областа на геодезијата, катастарот, фотограметријата, картографијата и запишувањето на правата врз недвижностите на целата територија на РМ. Во својата долгогодишна активност ДЗГР создаде богата архива на податоци од снимањето на теренот (катастарски планови во размери: 1:500, 1:2.500, 1:5.000, 1:10.000 и др.) и алфанумеричка база на податоци за правата врз недвижностите. Во ДЗГР има 886 вработени, распоредени Зградата на Државниот завод за геодетски работи во 9 сектори и 54 одделенија. Активностите ДЗГР ги засновува на Законот на премер, катастар и запишување права на недвижности. Од друга страна, според Законот за организација и работа на државната управа, во ДЗГР постојат: директор и заменик-директор, кои ги именува Владата на РМ. Р. Риб.