ДРВОТО ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО РМ

ДРВОТО ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО ВО РМ. Кај нас дрвото влегува во групата на најстарите градежни материјали. Низ вековите дрвото било користено како основен градежен материјал. На сите објекти, градени низ вековите, се забележува дека распоредот, формата на одделните архитектонски делови и нивните декоративни карактеристики потекнуваат од конструктивните особини на дрвото. Најчести форми на градежното дрво се: обло дрво, бичено дрво (дрвна граѓа), разни видови дрвни градежни плочи (фурнирски плочи, столарски плочи, плочи од дрвни иверки, плочи од дрвни влакна, разни видови дрвоизолациони плочи) и лепено ламелирано дрво. Во современите градежни објекти дрвото се користи: за изработка на подови и на преградни ѕидови, за ентериерно обликување, за скали и за огради, за покривни конструкции, за оплати и за други намени. Б. Ил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *