ДРВНИ ВИДОВИ ЗА ПРЕРАБОТКА ВО РМ

ДРВНИ ВИДОВИ ЗА ПРЕРАБОТКА ВО РМ. шумскиот фонд кај нас го сочинуваат шумските дрвни видови, групирани во две основни групи: иглолисни и лисјарски. Групата иглолисни видови ја сочинуваат: домашни (автохтони) и интродуирани (алохтони) видови. Во групата домашни иглолисни видови од стопанско значење влегуваат: црниот бор, белиот бор, елата и смреката, додека во групата интродуирани иглолисни видови влегуваат: дуглазијата, аризонскиот чемпрес, џиновската секвоја, вајмутовиот бор и европскиот ариш. Групата домашни лисјарски видови ја сочинуваат следните поважни стопански видови: мезиската бука, дабот горун, дабот плоскач, оревот, багремот, јасенот, јаворот, костенот, габерот, евлата, тополата и јасиката. Во оваа група спаѓаат црешата и крушата, како значајни овошни видови. Б. Ил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *