ДРВЕНИЦИ – ТАВТАБИТИ

ДРВЕНИЦИ – ТАВТАБИТИ (Хетероптера) – полутврдокрилни инсекти. Имаат два пара крилја. Предните се до половина цврсти – хитинизирани, а задниот дел е мрежесто нежен по што го добиле и името. Познати се околу 40.000 видови, поголем дел се копнени, а само мал дел се водни. Во Македонија се регистрирани 863 таксони. Попознати видови се: водна скорпија (Непа цинереа Л.); џиновска водна дрвеница (Белостома нилотицум Л.) која се смета за реликтен вид; палчеста водна дрвеница (Ранатра линеарис Л.); грбнопливачка дрвеница (Нотонецта глауца Л.); огнена дрвеница (Пѕррхоцорис аптерус Л.). ЛИТ.: Лјилја Протиц, Цаталогуе оф тхе Хетероптера фауна оф Ѕугослав цоунтриес, Парт тњо, Натурал Хисторѕ Мусеум, Белграде, 2001. В. Т. К. – М. Кр.