ДРВЕНИЦИ, СУВОЗЕМНИ

ДРВЕНИЦИ, СУВОЗЕМНИ (Гѕмноцерата) – полутврдокрилни инсекти, големи грабливци. Живеат на копно, снабдени се со долги пипала и силна рилка. Се хранат со други инсекти. Тука спаѓаат разни видови дрвеници: дрвеници водомерки (Хѕдрометридае), дрвеници газиводи (Герридае), цветни дрвеници (Антхоцоридае), грабливи дрвеници (Редувиидае), огнени дрвеници (Пѕррхоцоридае), полски дрвеници (Лѕгаеидае), дрвеници смрдибубачки (Пентатомидае), куќни дрвеници (Цимицидае) итн. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *