ДРВЕНИЦИ, ОГНЕНИ

ДРВЕНИЦИ, ОГНЕНИ (Пѕррхоцоридае) – полутврдокрилни крупни и цврсто градени копнени инсекти. Телото им е со темно црвена боја. Карактеристичен претставник е обичната огнена дрвеница (Пѕррхоцорис аптерус Л.), бескрилен инсект, чест по парковите. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр. Сувоземни дрвеници