ДРАЧЕВКА

ДРАЧЕВКА -. македонско народно оро од Скопска Блатија во ритам 7/16 (3,2,2,). Се игра во мешан состав, со држење за слободно спуштени раце, полетно, со брзи и лесни чекори на полустапалата, со потскоци и доскоци. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 141. Ѓ. М. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *